Уште не се испрашани терористите кои се предадоа во Кумановско Диво Насеље

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Речиси два месеци по акцијата во кумановско Диво Насеље и апсењето на триесетина терористи истрагата тапка во место. Се уште не е испрашан ниту еден од осомничените а притворот најверојатно и по трет пат ќе им биде продолжен. За дел од нивните застапници во постапката е нејасно ваквото одолговлекување.

Од обвинителството нема одговор до каде е истрагата. Во меѓувреме случајот Куманово се најде и во најновиот извештај на Амнести интернешанел. Во него се наведува:

кум пол

– Во Куманово, некои жители сметаат дека операцијата довела до вонсудски егзекуции, односно намерно и незаконско користење на смртоносна сила за да се елиминираат одредени поединци или групи од страна на вооружени сили под контрола на државата. Наместо отворање таква истрага, на 12 мај, министерот за внатрешни работи поднесе оставка.

Амнести Интернешанал констатира и лош третман на неколкумина од уапсените сместени во притворските одделенија низ земјава. Такви сознанија имаат и адвокатите.

Освен третман на осомничените согласно меѓународните стандарди Амнести препорачува и независна истрага но и проценка дали полициските специјалци постапиле во рамки на овластувањата.

кум

Поранешниот прв човек на УБК Горан Митевски за порталот Кирилица денеска тврдеше дека под наредба на Јанкуловска во акцијата  била употребена несразмерна сила во урбана средина.

– На 9 мај беше започната акција од страна на МВР за која се испостави дека припадниците на специјалните единици на МВР не биле точно информирани за целта на акцијата (им било кажано дека ќе учествуваат во акција за дрога). Од тие причини на самиот почеток на акцијата погинале тројца припадници на МВР. Од тие причини министерката Јанкулоска наредила употреба на хеликоптери опремени со запалливи бомби, што претставува несразмерна употреба на сила и технички средства, вели Митевски.

МВР во извештајот кој го објави пред десетина дена тврдеше дека акцијата согласно планот ја постигнала целта а како единствен пропуст го наведе бегството на еден од уапсените.

Откако дел од меѓународната заедница, како Албанија, Косово и Србија побараа меѓународна транспарентна истрага за Куманово, Министерот на внатрешни Чавков неодамна изјави дека тоа не е потребно, а скопското обвинителество ќе ги дало сите одговори./Тв 24