Гуштеров: Кога дојде „Џонсон Контролс“ , Груевски ме прашуваше за „интерес“

од desk3
100 прегледи

889349043232
Бизнисменот Ристо Гуштеров при вчерашното гостување во ТВ Телма соопшти дека пред ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт го прашувал како ја договорил инвестицијата на „Џонсон Контролс“ во Македонија

-Пред да дојде на власт Никола Груевски, кога беше на власт Владо Бучковски, јас ја договорив инвестицијата на „Џонсон Контролс“ во Македонија, за која многумина се чудеа. Тогаш ми честиташе и Груевски, но откако дојде на власт ми се јави на телефон и сакаше да разговараме за инвестицијата. Му реков не може по телефон, и отидов во неговиот кабинет, не во владата, туку во таа жолта зграда во која беше седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, не сегашната дивоградба, и тој ми рече дека тој имал и коалициски партнери, морал да мисли на нив… и на крајот ме праша „Кој е твојот интерес во ова?“, рече Ристо Гуштеров .