Лидерска средба меѓу претседателите на најголемите политички партии во земјава денеска нема да има. Информацијата официјално ја потврди лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со американскиот конгресмен Елиот Енгел во Собранието на РМ.

Ахмети во краток коментар рече дека наскоро ќе следи соопштение. Медиумите уште од вчера вечерта излегоа со информација дека за денеска е закажана нова лидерска средба, но информацијата немаше потврда од ниту една од политичките партии.
Инаку, првично се договарало средбата да биде во 11 часот, но потоа таа се поместил наводно за во 13 часот, по што дојде информацијата дека воопшто нема да се одржи.
Дел од учесниците во преговорите побарале дополнително време за консултации, па лидерската може да се одржи и утре.