Лидерите Заев и Груевски и на средбата синоќа која според партиски извори траела 30 минути по полноќ наводно не успеале да ги приближат ставовите. Груевски бил категоричен дека може да се повлече од премиерската функција најрано на 1-ви декември 2015 што е само четири месеци пред најавените предвремени парламентарни избори, пренесува Либертас

Дипломатски извори тврдат дека партијата на власт и нуди на опозицијата две министерски места МВР и најверојатно труд и социјала.
Можно е Груевски да прифати и уште едно министерско место за опозицијата во преодната влада но никако негово заминување од премиерската функција од септември, барање на кое инсистира опозицијата.
Според непотврдени извори доколку договор нема, се размислувало и наместо лидерска на која би биле како и досега и Ахмети и Тачи денеска пред камерите да се сретнат само главните актери Груевски и Заев и да ги соопштат своите ставови дека не успеале да постигнат компромис и по полноќната средба.
Во албанска владеачка партија ДУИ со нетрпение го очекувале исходот со надеж дека компромис ќе има. Во партијата на Ахмети не е тајна дека политичката криза ја подели партијата. Дел од раководството предводено од Муса Џафери, Теута Арифи и шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби се за останување на партијата во владината коалиција и посакуваат договор меѓу Груевски и Заев со што би им олеснило, и друг дел од партијата кој подолго време притиска врз Ахмети да излезе од коалиционата влада.
Либертас од дипломатски извори дознава дека лидерот Ахмети на средбата во Брисел цврсто ветувал дека веднаш штом се вратат во Скопје ке ја напушти владината коалиција,но штом се вратил во Скопје се предомислил и заборавил на ветеното. Сега и тој е од оние што посакува кризата да се реши со компромис меѓу Груевски и Заев без да рескира неговата партија да ја напушти владата и премиерот да биде ставен пред свршен чин да пифати влада на национален спас за излез од кризата.
Либертас