Плачот на грчкиот пензионер пред банкоматот, го виде и слушна целиот свет

од Vladimir Zorba
98 прегледи
И кога во четвртата банка му објасниле дека не можат да му исплатат 120 евра тоа беило премногу за него. Тој во сиот очај, седнал пред банката и гласно заплакал додека до него ги  фрлил  неговата лична карта и штедната книшка.

jorgos-grcka-penzioner-foto-profimedia-1436020354-694109-620x320За сета драматичност на грчката криза сведочи токму фотографијата на 77 годишниот пензионер Јоргос Чацифотијадис која стана синоним за драмата која се случува деновиве.

– Не можам да ја гледам сопствената држава во ваква ситуација, плачејќи кажа Јоргос, кој е од Солун и заедно со неговата сопруга многу години работеле во германски рудник, а подоцна во леарница. Но пензијата која ја заработил во странство не можеше да ја подигне од ниедна банка, иако се обидел во три.

Кога во четвртата банка му објасниле дека не можат да му ги исплатат неговите 120 евра тоа беше премногу за него. Седна на бетонот пред банката и гласно заплака, а двајца полицајци го тешеа.

jorgos-grcka-penzioner-foto-profimedia-1436020368-694111

Измачениот пензионер кажа дека е психички скршен и дека не може да ја поднесе ситуацијата на длабока криза која ја погоди Грција.

– Ова повеќе ме погоди од моите лични проблеми. Го гледам мојот народ на улица како моли за неколку центи за да можат да купат леб. Гледам се повеќе самоубиства. Очаен човек сум јас, не можам ова повеќе да го гледам. Европа и Грција направија грешки, но ние мораме да најдеме решение, рече овој седумдесет и седум годишен пензионер.

Тој кажа дека нема да оди да гласа на референдумот, зашто неговото гласачко место е оддалечено 80 километри од куќата каде што сега живее.

– Немам пари да стигнам до таму, освен ако не ме однесат моите деца, кажа тој.

Грчките банки од понеделникот се затворени, а некои ги отворија вратите за пензионерите кои немаат платежни картички да можат да ја подигнат пензијата. Сумата што можат да ја подигнат е ограничена на 120 евра, но и покрај тоа многу пензионери не успеаа да ги добијат ниту тие пари.