Ви го пренесуваме апелот кој го објави весникот „Лајм“:

Доколку некој се срами од договорот за преодна влада што треба да се потпише следната недела, не смее да повторно прави експерименти во Куманово со цел дефокусирање на јавноста. Ниеден политички резил не може да се покрие со плач на невините, ниеден пораз не може да се камуфлира со лажни наслови и ниедни злосторство нема да биде заборавено преку сценарија кои капка по капка ја полнат чашата на трпение. Оние кои лекомислено сметаат дека доживотно ќе можат да играат со огин во двориштата на други луѓе, еден ден можат да бидат опфатени со збеснат огин од свои раце.
Кумановчани да бидат будни за да не станат повторно жртви на провокации и стапици, ниту пак на обиди за создавање психози. Истото подеднакво важи и за другите градови во Македонија. Чувајте ја присебноста, чувајте се еден-друг и не дозволувајте да станете жртви на сценарија во улога на глумци во настани скроени за отргнување на вниманието од краховите на импотентни политичари.
На кои им се обраќаме со порака: Да знаете дека и ние знаеме!