НОВА: “Монструм” утре пред Апелација, содржината од „бомбите“ ќе се слуша во судница

од desk3
109 прегледи

monstrum slucaj

Апелациониот суд во Скопје, утре на јавна седница ќе ги разгледува жалбите поднесени од осудените во „Монструм“ и нивните адвокати-пишува интернет порталот НОВА.

НОВА од извори блиски до одбраната дознава дека може да му бидат дадени на судот транскриптите од прислушуваните разговори, од т.н. „бомби“ кои се однесуваат на случајот „Монструм“ и на тоа, дали сега осудените, се единствени виновници на масакарот кај Смилковското езеро, извршен во април 2011 година.

Доколку се случи тоа, реални се шансите адвокатите да бараат одложување на утрешната јавна седница поради добивање на нови докази, пред седницата, па со нив, на повторно разгледување на случајот во септември да ги дополнат одбраните.

Повеќе ТУКА