(ВИДЕО) Шутирај како Бекам: 50-метарски гол во финалето на светското првенство за жени

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Головите од и зад централната линија на теренот не се невообичаени за машкиот фудбал. Особено во последниве години се почесто може да се видат импресивни погодоци. Во женскиот фудбал од објасниви причини не е така. Сепак, тој толку многу се разви во последниве години така што за најдобрите веќе нема невозможни нешта.

zx450y250_2567390

Изминатата ноќ фудбалерка на САД стана светска шампионка за рекорден трет пат, откако ја победија Јапонија со 5:2. Големиот херој за Америка беше капитенката Карли Лојд, која постигна хет-трик во рамките на 13 минути игра – меѓу 3-та и 16-та, за да му обезбеди на својот тим неодолива победа.

Најимпресивниот момент од финалето дојде во 16-тата минута, кога Лојд ја презеде топката пред центарот во својата половина, технички го помина противникот и со шут од централната линија ја совлада јапонската голманка Аиуми Каихори, за да направи 4:0.

Со тој погодок 31-годишната напаѓачка на  “Houston Dash” ја зголеми својата гол листа на шест и ја подели награда за најдобар стрелец со Германката Селин Шашич. Освен тоа Американката беше избрана за најдобра фудбалерка на шампионатот.