Грција – тројанскиот коњ на Москва?- земјата може да стане брокер на рускиот гас

од desk3
100 прегледи

Кои се плановите на Путин за Грција? Русија нема пари за Атина, но руските инвеститори веќе задоволно ги тријат рацете во очекување на евтини купувања. Кои се другите билатерални ефекти од евентуалниот Grexit?

0,,18369619_303,00

Грчката влада веќе со недели бара некој вид унија со Москва. Само пред неколку дена на економски форум во Санкт Петербург премиерот Алексис Ципрас изјави без никакво извртување дека неговата земја не зависи од ЕУ. Напротив дури се стреми да води повеќенасочна надворешна политика, односно – бара учество во различни сојузи. Меѓу слушателите на оваа изјава беше и рускиот претседател Владимир Путин, кој веројатно многу се израдувал на ставовите на Ципрас. Само затоа што се совпаѓаат со идеите на Кремљ за мултиполарен свет.

“Руската влада по една тема влегува во целосна едногласност со Ципрас и неговата партија” Сириза “- ова е антизападната и најмногу антиамериканска реторика”, објаснува Александар Баунов од Московската експозитура на фондацијата “Карнеги”. Но со тоа општите ставови се исцрпуваат. Бидејќи рускиот претседател добро знае дека не може да ја ослободи Грција од долговите . Освен тоа Грција е премногу мала за да влијае врз најважните одлуки на ЕУ – пример за санкциите против Русија.
Атина и руската карта
А сепак, Грција веќе со месеци фрлаат катран во европскиот бунар, а тоа дефинитивно му се допаѓа на Путин. Некои руски медиуми пишуваат дури дека претседателот ја набљудува со злорадост грчката должничка криза. Постојано се покренува и прашањето како ќе се држи понатаму Грција како членка на НАТО. Дали Атина ќе се осмели да ја одигра “руската карта” внатре во западниот одбранбен сојуз? Та нели самата грчка влада веќе даде индикации во оваа насока: Во пролетта Кремљ организираше во Москва конгрес за прашањата на безбедноста. Повеќето извештаи на овој конгрес беа со акутна антизападна насоченост, а НАТО се споменуваше само како закана – особено за Русија, но дури и за светскиот мир. Службен учесник на конгресот беше грчкиот министер за одбрана Панос Каменос. Тој беше единствениот гостин од земја-членка на НАТО.

0,,18387362_401,00

Патриотските кругови во Русија постојано зборуваат за емоционалната, културна и интелектуална блискост меѓу двете православни нации. “Се поклонуваме пред исти икони. Никој не ни е толку близок, како Русите “, вели во интервју за Дојче Веле една Гркинка, која одамна живее во Москва.

Руските националисти веќе се оддаваат на сонот за тоа како Грција можела да се приклучи кон Евроазиската унија, кој се смета себеси за конкурент на ЕУ. Но досега на политичко ниво не е сторено апсолутно ништо во оваа насока. Набљудувачите сметаат дека дури Грција да излезе од ЕУ, пристапувањето кон Евроазиската унија е нереално. Независно од тоа вчерашното гласање на Грците дефинитивно ги приближува кон антизападната и антилибералната политика на Путин.

Предности и за Русија, и за Грција

Ако Грција излезе од еврото, Русија дефинитивно ќе извлече корист. Експерти дури тврдат дека потенцијалните руски инвеститори веќе задоволно ги тријат рацете, бидејќи – кога овој момент настапи – сè во Грција ќе поевтинее: инфраструктурата, железницата, рафинериите, пристаништата. А пак Грција целосно ја напушти ЕУ, ќе отпаднат и голем број на ограничувања кои досега им пречеа на руските бизнисмени.

Кирил Кокиќ, професор по политички науки на Московскиот дипломатски универзитет МГИМО, гледа дури шанси за билатерална корист: “Грција може да стане брокер на рускиот гас”, вели тој и додава дека една држава која повеќе не подлежи на енергетската повелба на ЕУ и на другите бриселскиот ограничувања, може да се претвори во многу ценет партнер на Русија.