Скопскиот кривичен суд го осуди на 14 години затворска казна обвинетиот, Насер Ештрефи за убиството на матурантот Ангел Петковски во скопската населба „Ѓорче Петров“.
Насер Ештрефи беше обвинет дека на 19 мај минатата година од дворот на куќата на семејството Петковски во Ѓорче Петров го украл велосипедот на Ангел, а потоа со нож го прободел матурантот.
„Немав намера да го убијам Ангел“, изјави Ештрефи во завршните зборови.
