ССК очекува откажување на нарачките кон Грција

од desk3
99 прегледи

sojuz-na-stopanski-komori

Сигурно ќе има откажување на нарачките поради актуелната ситуација во Грција, меѓутоа ниту Европската унија ниту Грција нема да дозволат да се случи нешто поголемо, оценуваат од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Заменик-претседателот на Комората Сеад Кочан денеска изрази надеж дека ситуацијата во Грција ќе се надмине бидејќи продолжуваат иницијативите од Европската унија.

– Ќе има откажување на нарачките затоа што Грција е држава која е во т.н. технички банкрот меѓутоа како што гледаме сепак Европската унија продожува со иницијативите, а Европската централна банка веќе дава пари за грчките банки. И челните луѓе на Европската унија веќе заседаваат и бараат решение така што сигурен сум дека ниту Грција, ниту Европската унија нема да дозволат нешто поголемо да се случи, изјави Кочан, одговарајќи на новинарско прашање пред потпишувањето на меморандумот за соработка со општина Гази Баба./МИА