Уапсен терористот од Куманово кој и избега на македонската полиција

од desk3
127 прегледи

kosovopolicija

Косовската полиција го уапсила Сулејман Османи од Брест, осомничен за настаните во Куманово, кој и побегна на македонската полиција за време на увидот на терен. Османи, според информациите од полицијата во својот дом криел и дел од оружјето одземено од караулата во Гошинце.

Тој успеа да им побегне на полициските службеници додека на тешко пристапен терен им покажувал каде се било криено оружјето.

За овој случај беше покрената постапка против полициските службеници кои го обезбедувале.