Најави за нова Платформа за обединување на демократите на Трајанов пред претстојните избори

од Vladimir Zorba
87 прегледи

 

Демократскиот сојуз најавува нова платформа на дејствување пред најавените предвремени парламентарн избори и во тој  контекст и освежување и нови раководства на партијата речиси во сите градови во Македонија. На вчерашнотo изборно собрание како што соопштуваат партиски  извори , е понудена нова  Платформа за обединување, која ќе биде отворена за идеи и од други политички партии, граѓански асоцијации, академската и експертска  јавност. Тоа ќе значи сосема поинаква мобилизација на партијата, и голема веројатност за самостоен настап на следните парламентарни избори.

dejan

„ Демократскиот сојуз го подржува политичкиот дијалог за излез од кризата, но инсистира преговорите да бидат транспарентни и во интерес на националните и државните интереси на Република Македонија.Политичкиот договор мора да биде предмет на расправа и верификација во Парламентот. Во пресрет на посетата на нашата држава, од страна на Викторија Нуланд, помошник државен секретар на САД, Трајанов повика на претходен политички консензус  меѓу лидерите за излез од кризата, и институционална потврда за насоките во кои ќе се движи решавањето на проблемотистакна лидерот на партијата ПАвле ТРАЈАНОВ.

Општинската организација на Демократскиот сојуз во Берово, вчера одржа  и Изборно собрание на кое Дејан Пецевски, дипломиран економист, беше избран за претседател.  На Собранието присуствуваа голем број на членови и сипматизери на Демократскиот сојуз, а по завршувањето на седницата, беше отворена и нова канцеларија на ДС во Берово.