На четворица судии од Основниот суд во Прилеп, на претседателот на Судот и на четворица лекари од Битола и Скопје, МВР им поднесе заедничка кривична пријава со која сите деветмина се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување и за помагање во кривичното дело.
Од Основното јавно обвинитество во Прилеп потврдуваат дека ја добиле кривичната пријава и демантираат дека имало апсења на судии.
– Ја добивме кривичната пријава и ќе постапуваме по неа. Нема никави апсења, вели јавниот обвинител од Прилеп, Ристо Шошески.
Четворицата судии и претседателот се осомничени за злоупотреба на службената положба, а четворицата лекари за помагање во извршувањето на кривичното дело. Од Обвинителството велат дека ова е поврзано со кривичен предмет во кој за едно лице е изречена затворска казна. /МИА
