Заев: Нема повеќе лидерски средби, продолжуваме жестоко со бомби и со протестите!

од Vladimir Zorba
103 прегледи

СДСМ веќе нема да учествува на лидерските средби, изјави пред малку на прес конференција , лидерот на опозицијата и на СДСМ. Зоран Заев Договорот од 2 јуни веќе не важи. Избори во април в година нема да има. Ќе има борба за симнување од власт на режимот на Груевски

заевз

„Преговарачкиот процес пропадна. Ние продолжуваме со проектот Вистината на Македонија. Се обидовме на мирен и цивилизиран начин да дојдеме до договор за надминување на кризата, но очигледно е дека Груевски не го сака тоа и намерно го одолжува процесот. Договорот од 2 јуни веќе не важи. Избори в април 2016 година нема да има. Избори без опозиција не може да има“, изјави попладнево Заев.

– Не се можни фер и демократски избори со Груевски во влада. Ќе продолжиме да дејствуваме на сите начини, законски и демократски. Проектот „Вистината за Македонија“ ќе продолжи.Направив се, како човек како социјалдемократ, и покрај сите кривични монтирани случаи кои што се према мене да седнам на преговарачка маса за да постигнеме договор за доброто на Македонија.Никола Груевски го прекрши договорот од втори јуни, не се можни фер и демократски избори на чело со Никола Груевски.Нема да дозволиме Груевски да ја тероризира државата. – рече Заев.

По вчерашната изјава на Никола Груевски дека нема да има лидерска средба затоа што сѐ уште не биле созреани условите за тоа, вчера СДСМ му даде рок на Груевски до денеска да закаже лидерска средба.  Груевски си продолжи со пропагандните кампањи преку владините телевизии и медиуми и ги стави на игнор Заев и опзицијата . Тој денеска дури и си објави анкета дека ВМРО ДПМНЕ е дупло посилно и подоверливо од СДСМ.ЗАев со денешната одлука , жестоко и нервозно возвраќа. Жешкото лето штотуку почна, одговорот на ултиматумот до Груевски да се повлече  е дека ЗАев не признава никаков договор и нема да преговара повеќе на килавите и изрежирани средби.