Истакнати економисти ја повикаа германската канцеларка Ангела Меркел да го промени својот политички курс и да престане со наметнувањето на бескрајни штедења на грчкиот народ, пренесоа агенциите. Тие го направија тоа во отворено писмо објавено во водечките европски изданија.

“Пропишаниот лек од германското Министерство за финансии и Брисел е пуштање крвта на пациентот, а не лекување на болеста”, напишаа економистите во отвореното писмо, објавено на сајтот на германскиот. “Тагесшпигел” . “Во моментов од грчката влада се бара да си стави пиштол во главата и да се повлече чкрапалото”, пишува во документот. “За жал, куршумот нема да ја убие само иднината на Грција во Европа. Поразите ќе ја убијат еврозоната како светилник на надежта, демократијата и просперитетот и може да предизвикаат далекусежни економски последици во целиот свет “, се вели во писмото.
Тома Пике од Париската школа за економија, Џефри Д. Сакс од Универзитетот Колумбија, професорот од Харвард Дани Родрик и Оксфордскиот економист Симон-Рен Луис, Хајнерс Фласбек, поранешен државен секретар во германското Министерство за финансии, се меѓу потписниците на писмото, кое го повикува Меркел да направи отстапки на Грција. “Нашата порака до канцеларот Меркел е јасна: ве поттикнувам да го земете овој витален чин на лидерство за Грција и Германија, како и за светот”, се вели во документот. “Историјата ќе ве запамети со активностите од оваа недела. Очекуваме и се потпираме на Вас да ги направите најхрабрите и великодушен чекори кон Грција, од кои Европа ќе има корист и секако генерациите пред нса “, се вели во писмото.Тоа е објавено и во француски . “Монд“, како и во англиските “Гардијан” и “Нејшн“.