Економскиот крах на Грција би бил “геополитичка грешка”, изјави американскиот министер за финансии Џек Лу, цитиран од грчкиот сајт Њуз.ин.

Има многу непознати последици, ако ситуацијата во Грција дојде до целосен крах, рече Џек Лу, Упатувајќи порака до Европа дека приемот на економски крах на Грција би било “геополитичка грешка”. На позадината на повикот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за реструктуирање на грчкиот долг Џек Лу исто така, предупреди дека долгот на Грција не е одржлив, истакнувајќи гја “длабоката” неподготвеност на некои европски држави да го решат овој проблем. Американскиот министер за финансии рече дека е во непрекинат контакт со европски високи претставници во врска со грчката должничка криза, и повика на постигнување договор за должничкиот проблем на Грција.