Доаѓа шумарот , или доаѓаат и Хан и Нуланд. ! Откако Груевски забега во прикаската глумејќи дека ништо не се случува и наголемо си полни пропаганда и кампања за „своите успеси и инвестиции“, и несака да седне на преговарачка маса, а лидеорт на опозицијата ултимативно вчера ги прекина и кажа дека договорот на Хан за избори го поништува – ете ти го Хан се разбуди.

Од Европската Комисија денеска преку писмено соопштение алармираат дека нема време за губење, лидерите треба да се однесуваат одговорно и констуктивно и да работат посветено да се реши големиот проблем. ЕК најавува и посета на еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје во првите денови од наредната недела.
– Разговорите помеѓу политичките лидери се во критична состојба. ЕУ очекува сите тие да се однесуваат одговорно и конструктивно, и да работат посветено и во доба волја да се реши големиот проблем. Со оглед на предизивиците со кои се соочува земјата, нема време за губење. Потсетуваме дека четворицата лидери потпишаа договор на 2 јуни, кои го реафирмираа потоа на 19.јуни. Овој договор е основата за краен компромис.
Тие мора да ги имплементираат заложбите кои ги направија, а интересеот на земјата да биде во преден план. Комесарот останува во близок контакт со лидерите и планира посета на Скопје во првите денови на наредната недела. Компромисот е есенцијална алатка во демократијата.
Политичката енергија треба да се фокусира не на партијата, туку на реформите кои се потенцирани во препораките на Европската комисија, се вели во соопштението на Европската комисија.
Така звучи Брисел, се разбира протоколарно и настојчиво. А еве ја пораката ден пред тоа од лидерот на опозицијата и СДСМ
Прекинуваме -Нема да дозволиме Груевски да ја тероризира Македонија
Направив `се, како претседател на СДСМ, направивме `се, како Социјалдемократски сојуз, како опозиција, како граѓани, заедно, низ дијалог, на цивилизиран начин да се дојде до решение за длабоката политичка криза во земјава.

Разговаравме со Груевски и покрај судски процеси против мене, и покрај тоа што невини луѓе лежат во притвор, и покрај сите зла што ги направил на граѓаните во Македонија, и покрај тоа што знаеме со кого си имаме работа.Седевме на заедничка маса бидејќи пред нас ги имавме судбината на Република Македонија и интересите на граѓаните на Македонија.
Дадовме шанса на преговарачкиот процес. Груевски сака да го одолговлекува процесот, со што им нанесува штета и на граѓаните и на Република Македонија.
Од тие причини, на јавноста и соопштувам: Преговорите се неуспешни. Никола Груевски во континуитет го минира договорот постигнат на 2-ри јуни.
Во преговорите Никола Груевски одби да прифати споделени гаранции помеѓу власта и опозицијата за враќање на демократските институции, за враќање на корективите во општеството, за нормализација на државата, за обезбедување услови за регуларни, фер и демократски избори.
Бидејќи не е постигната согласност за елементарните демократски вредности што можат да обезбедат реализација на слободната волја на граѓаните, преговорите се неуспешни.
Ставот што го застапуваме е принципиелна позиција не само на СДСМ, туку на демократската јавност во земјава. Не се можни фер и демократски избори во Република Македонија, со Влада предводена од Никола Груевски. Груевски потврди дека не е во состојба да направи ништо корисно за Македонија. Него единствено личните интереси го водат при донесувањето на одлуките.
Овие преговори беа шанса за Никола Груевски достоинствено да си замине од премиерската позиција што ја има узурпирано.
Нема да дозволиме Груевски да ја тероризира Македонија. Ќе продолжиме интензивно да дејствуваме, користејќи ги сите средства што ни стојат на располагање, до конечен пад на овој режим.
Проектот Вистината за Македонија ќе продолжи.
Ќе ги вратиме, мора да ги вратиме слободата и демократијата во Македонија што ги заслужуваат сите нејзини граѓани, без разлика на националната, верската, религиозната или политичката ориентација.
Одговорност мора да има. Ова зло не смее никогаш повеќе да се повтори.

НА 13 е закажана средба на лидерот на СДСМ Зоран Заев со вискоиот американски дипломат Викторија Нуланд. Тие денови се најавува и Хан, иако се знае дека гтие се координираат. Ќе биде ли тоа најсилниот притисок врз двете страни, да, но ќе има ли решенија -ќе мора да почекаме малку повеќе време.