Поддршката кон грчкиот премиер Алексис Ципрас во неговата сопствена партија почна да се топи. Пратениците од СИРИЗА веќе повикуваат на нов референдум во врска со плановите за штедење, а радикалното лево крило на владата најверојатно ќе одбие да гласа за евентуален нов спасувачки пакет.
Енергетскиот министер Панајотис Лафазанис јавно ги критикуваше планираните од Ципрас мерки за штедење. “Ние не сакаме трета програма”, изјави Лафазанис пред агенција Ројтерс. Министерот нема да се согласи со новите реформи кои ги ограничуваат можностите за раст на земјата. Лафазанис е дел од радикалното лево крило на владејачката партија СИРИЗА. Околу 30 од 149-те пратеници припаѓаат на него.
И пратеникот Јанис Михелогианакис се противи јасно за новите мерки за штедење. Тој, заедно со други пратеници, го повикуваат Ципрас да организира нов референдум. “Ние треба да го конкретизираме прашањето – ги сакаат ли Грците новите мерки за штедење, или алтернативните решенија”, појасни пратеникот за време на своето телевизиско интервју.
Потсетуваме дека најдоцна до вечерва грчкиот кабинет треба да претстави нови предлози за гласање пред локалниот парламент.
Според Kathemerini за Грција се планира пакет мерки за реформи во вредност од 12 милијарди евра во рок од две години, а мерките во овој пакет се посурови од предлозите кои грчката Влада денес ќе ги претстави на доверителите во обиде да постигне договор со нив. Според медиумот повеќе строгите мерки станаа императив по затворањето на банките и воведените ограничувања за движењето на капиталот и особено по престанокот на преговорите со кредиторите.
Весникот тврди дека наместо првичната прогноза за раст од 0,5 отсто за оваа година, веќе се правеле проценки за рецесија од 3 отсто. Се смета дека ако ситуацијата во банкарскиот сектор не се нормализира, оваа рецесија може и да е поголема.
Ова ја наметнува потребата од повеќе мерки, за да се постигне целта за примарна буџетски суфицит оваа година од 1 отсто од БДП, 2 отсто од БДП во 2016 година, 3 отсто од БДП во 2017 година и 3,5 отсто од БДП во 2018 година
Од оваа гледна точка се проценува дека мерките во вредност од 8 милијарди евра, кои Грција ќе ги обезбедено пред доверителите за оваа и следната година, треба да бидат зголемени за околу 2 милијарди евра годишно, а со тоа вкупната вредност на овие мерки за двете години ќе изнесува 12 милијарди евра.
