Заев и СДСМ прават директна штета на економијата, а тоа го констатира и ММФ и ја намали проекцијата за планираниот раст на Македонија за годинава од 3,8 на 3,4 отсто. Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на прашање по пуштањето во употреба на двојното тениско игралиште во ОУ „Кочо Рацин“ во општина Петровец.
– Од она што го видов од Извештајот на ММФ главната забелешка е зошто се зголемени платите на полицајците. Меѓутоа, нотирано е и дека со подобрената бизнис клима од страна на Владата овозможени се повеќе инвестиции, отворање многу нови работни места и зголемен извоз. Исто така, нотирано е дека политичката криза веќе влијае на економијата и од тие причини проекцијата на ММФ е намалена од 3,8 на 3,4 за оваа година, рече Груевски нагласувајќи дека ММФ веќе констатира дека тоа што го прави Зоран Заев и СДСМ влијае на економијата поради што нема да има таков раст како што претходно се очекуваше.
Растот на економијата, како што рече, се уште се очекува да биде висок, но не толку колку што претходно се очекуваше. – Практично Заев и СДСМ со ова што го прават прават директна штета на сите граѓани на Република Македонија во делот на економијата, нагласи Груевски.
Вчера верокомасаор Хан во интервју за РСЕ изнесе сосема спротивни економски податоци на ЕУ и изјави дека е загрижен за економската сотојба на земјава.
“Да загрижен сум, бидејќи губат време и според договорот од 2 јуни сите партии, и албанските партии,се согласија и на 19 јуни дека земјата е им е важна а не личните интереси и треба да ја преземат одговорноста за земјата. Економскаата ситуација се влошува. Очекуваниот економски растеж од 4 проценти сега е најмалку нула, ако не е и под нулата. Невработеноста е речиси 30 насто. Сите инвестициски одлуки на странските компании се на чекање. Мислам дека над 30 одлуки се ставени на чекање. Па тука е миграциското прашање кое кажува дека земјата многу треба да направи”- изјави Хан
