Судијата заминал на одмор – Заев може слободно да не доаѓа на суд

од desk3
148 прегледи

Заев: Не може Влада предводена од Груевски да ги организира изборите
Основен суд Скопје 1 соопшти дека добил известување од судот во Струмица дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев не се појавил во понеделникот во предвидениот термин пред судот.
Исто така, судот објаснува дека судијата од Струмица бил известен од секретарот на Општина Струмица, дека Заев тој ден нема да се јави во судот.

„Исто така секретарот на општина Струмица не дал никакво оправдување ниту образложение за неговото отсуство и истото е наведено во известувањето кое го добивме“, стои во соопштението од судот.

Сепак, од судот нагласуваат дека надлежниот судија од скопскиот Основен суд во моментов користел денови на редовен, планиран годишен одмор, и ќе постапувал по известувањето по неговото враќање.
Непочитувањето на судот Заев го најави минатата среда. Ве потсетуваме што кажа тогаш:

По вчерашната одлука на Основниот суд Скопје 1 – Скопје за политички монтираниот случај Пуч, јавно соопштувам:

1. Не го признавам правосудството како независна власт по Устав и по закон. Правосудството е под целосна контрола на Никола Груевски и неговата власт.

2. Нема да присуствувам на закажаните судски рочишта.

3. Нема да продолжам да ја почитувам определената мерка да се јавувам во судот секој понеделник во 9 часот, како и останатите мерки за обезбедување на присуство за водење на отворената кривична постапка.

4. Со ваквото мое јавно соопштение, судот е должен согласно Законот за кривична постапка, веднаш да изрече мерка притвор и да ме лиши од слобода.

5. Ја очекувам од денеска оваа одлука на судот.

6. Јас сум во просториите на СДСМ или во Кампот на слободата пред Владата, заедно со граѓаните.