Еврокомесарот Јоханес Хан и денеска ја продолжил серијата телефонски разговори со македонските партиски лидери, со цел да укаже на важноста од продолжувањето на политичкиот дијалог за излез од кризата. Според извори од ЕУ, тој ќе допатува во Скопје во вторник рано наутро и најверојатно најпрво ќе има тет-а-тет средби со партиските лидери, а потоа, „во зависност од условите и резултатите“ и заедничка средба со лидерска четворка- информира DW.
Неофицијално, тој и денеска разговарал телефонски со Груевски и со Заев, но под особен притисок за враќање на преговарачката маса бил лидерот на СДСМ, кој се откажа од преговорите прогласувајќи ги за неуспешни.
Хан очекува партиите да направат одредени отстапки и во интерес на земјата да ги доближат ставовите. Ваквата порака денеска беше пренесена од портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич. Таа посочи дека ЕК ги повикува четворицата политички лидери во Македонија да ја преземат одговорноста и да ги реализираат обврските од договорите од 2 и 19 јуни.
Опозицискиот СДСМ попладнево одржува координативен состанок со сите коалициски партнери, на кој треба да ги договорат наредните чекори и активности.
Партнерите очекуваат да бидат информирани за содржината на разговорите Хан-Заев, од кои во голема мера може да зависи договарањето на идните потези.
Повеќе ТУКА
