Грција ги остава банките затворени уште неколку месеци

од Vladimir Zorba
89 прегледи

Министерот за економија на Грција Јоргос Статакис изјави дека ограничувањата врз движењето на капиталот во најдобар случај  ќе дејствуваат во земјата уште два месеци, пренесе агенцијата Ројтерс.

банка рц

Според него, банките можат да ги отворат вратите за населението уште следната недела, ако за време на викендите Грција постигне договор за обезбедување на финансиска помош од тројката кредитори (ЕК, ЕЦБ и ММФ). И со договорот сепак, ограничувањата за влечењето на готовина и извоз на капитал зад граница ќе останат на  сила. Претходно беше соопштено дека брзината на истекување на средства од Грција достигна 100 милиони евра во ден.