Следниот пат кога сте во нов или дури во веќе познат град, размислете дали да користите ферибот како метод за движење.
Овие средства често се користат само со транспортна цел, но погледот од нив може да е навистина грандиозен. Во светот има сценски правци со фериботи кои се инспиративни за писатели и фотографи.
Освен тоа фериботите обезбедуваат евтина алтернатива на брод, како и на пловидбата со моторница, јахта или катамаран.
1. Фериботот во Истанбул
Фактот дека овој град е сместен на два континенти што го прави уникатен. Искористете да патувате со фериботите Шехир Хатлари кои превезуваат меѓу најпопуларните населби во европскиот дел (Еминјоно, Бешикташ) и оние во азискиот дел (Кадајои, Ускудар). Уживајте во патувањето по зајдисонце.
2. Фериботот “Стејтн Ајленд” во Њујорк
Можете да го истражувате Њујорк преку метрото или автобус, но полесно и попријатно ќе ви биде да го направите на палубата на некој од локалните траекти. Бесплатниот “Стејтн Ајленд” тргнува од Долен Менхетн и нуди прекрасен поглед кон Статуата на слободата.
3. Фериботот од Дубровник
Не мора да поседувате приватна јахта, за да уживате во живописниот далматински брег на Хрватска. Можете да патувате на ферибот меѓу некои од најпрометните пристаништа како Дубровник и Риека. Додека пловите ќе уживате во сафирите на Јадранското Море, ќе видите од далеку средновековни згради и римски рушевини.
4. Фериботот во Сан Франциско
Маршрутата му е од Сан Франциско до Саусалито – еден од најпопуларните ферибот правци во САД. Во 30-минутното крстарење ќе уживате во култниот мост “Голден Гејт” и други знаменитости, како поранешниот затвор “Алкатраз”.
5. Фериботот во Хонг Конг
Едниот начин да го видиш овој град е преку туристичкиот трамвај „Victoria Peak“, а другиот е преку фериботот “Star”. Тој тргнува точно во 20:00 часот и од него можете да уживате во вистинската симфонија од светла, која го претставува мегаполисот навечер.
6. Фериботот во Лондон
Еден од начините да се заобиколи сообраќајниот метеж од автомобили и луѓе на улиците на британската престолнина е да се прошетате по реката Темза со брод или со ферибот.
Тие тргнуваат од секој дел, на секои 20 минути, минувајќи низ атракции како Окото на Лондон, “Тауер Бриџ” и т. н.
7. Фериботот во Сиднеј
Тој тргнува на секои 30 минути, а маршрутата му е меѓу Сиднеј и плажата на предградието Менло. Фериботот минува покрај познатата опера на Сиднеј, како и околу безброј облакодери. Среќните можат да видат и китови.
8. Траект низ грчките острови
Најдобро е да патувате од Атина до Кикладските Острови (Миконос, Сирос, Парос, Санторини) и да стигнете до магичниот остров Санторини, каде ќе се укотвите.
9. Фериботот на Аљаска
Ова сигурно е едно од најневообичаените патувања во светот!
10. Траект во Норвешка
Тоа е најдобар начин да ги видите прекрасните фјордови на Норвешка.