Животот ни ги нуди секојдневно своите искушенија. Речиси нема момент во кој не се чувствуваме раздвоени при донесувањето одлуки. Има и такви моменти во кои сме очајни, нестрпливи, демотивирани.

Тогаш како ништо да не е во состојба да ни го подигне духот и да ни помогне да продолжиме со успех напред. Споделуваме неколку мантри кои треба да си ги велите секој ден, или кога ќе почувствувате потреба.
Кога ви треба да си најдете работа
Јас имам многу таленти и способности, но многу од нив се скриени длабоко во мене. Универзумот ми ја испраќа можноста да почнам нова работа, во која ќе можам да го докажам својот потенцијал.
Кога имате потреба од нова љубов
Идеалниот партнер за мене веќе е предодреден од универзумот. Тој ќе дојде во вистинскиот момент, кој е наскоро. Благодарен сум за мојата нова љубов.
Кога настаните во вашиот живот не се случуваат толку брзо како што би сакале
Мојот живот се одвива на време и сите одложувања се од корист. Секогаш сум на вистинското место во вистинско време.
Кога давате многу и не се чувствувате достојни да го добиете назад од страна на другите
Нека универзумот ми помогне да се почувствувам достоен за помош и љубовта на другите. Препокриен сум со чувство на достоинство, бидејќи секогаш кога можам, помагам на луѓето крај себе.
Кога чувствувате грижи пред пат
Нека секој аспект на ова патување се одвива во хармонија. Универзумот ми помага секој детаљ од оваа авантура да ми носи многу радости и бенефиции.
Кога се наоѓате во ситуација во која треба да се донесе важна одлука
Универзумот ми покажува на кој начин да го сторам тоа. Исто така, ако јас не чекорам по точниот пат, тој ќе ми даде знак да го сменам. Одлуките кои ќе ги донесам ќе се точни за мене.
Кога не гледате пат пред себе, кога немате визија за иднината
Мој совршен нов пат е веќе избран и ќе се открие пред мене во право време. Ќе ми бидат прикажани чекорите за да здобијам со она што го сакам од животот и да ги постигнам своите цели.
Кога ви треба да верувате во себе
Јас сум уникатен. Го сакам своето тело. Постигнувам успеси и универзумот ќе ми помогне да станам уште поуспешен. Имам многу способности и такви кои ќе ги развијам со леснотија. Благодарен сум за она што сум.