Косовската полиција изутринава приведе пет лица повратници од Сирија за планирање на терористички напади со масовни жртви, во пресрет на посетата на американскиот помошник државен секретар, Викторија Нуланд, која денеска е на Косово, јавија косовски медиуми.

Полициската акција била спроведува заради превенција од терористички напади. Косовската полиција објави дека пресретнала разговор на македонскиот државјанин, Беким Фидани, за спроведување на терористички напади во Косово и во Македонија.
На фотографија се гледа пресретнатиот документ со закана од Косово./Либерас