Заев: Доколку утре со помош на EУ и САД не биде договорена Влада , СДСМ ќе пристапи кон алтернативните начини за остварување на овие цели

од desk3
112 прегледи

????????????????????????????????????
Шансите за решавање на политичката криза со помош на меѓународните претставници, актуелните политички предизвици на Македонија, економските проблеми, закочените евро-атлатски процеси, беа темите на коишто разговараа претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од меѓународниот секретар Јован Деспотовски и пратеникот во Парламентот на Р.Франција, Филип Диран, придружуван од амбадорката на Р.Франција во Р.Македонија, Лоренс Оер.

-Неопходни се споделени гаранции за имплементација на препораките од Извештајот на Прибе, бидејки посочените критични области се кочничар за демократско функционирање на институциите на системот, коишто се комплетно партизирани, како и за организирање слободни избори, рече претседателот Заев.

Констатирано е дека процесот Вистината за Македонија откри бројни злоупотреби во највисоките врвови на власта, злоупотреби на релација извршна – правосудна власт, контрола на власта врз медиумите.

На средбата е изразена посебна загриженост за проблематичниот Изборачки список, како и за недозволивото функционирање на републичкиот јавниот обвинител, на обвинителот за организиран криминал, на судството, по директиви на актуелната власт.

-Доколку утре со помош на пријателите од Европската Унија и САД не бидат договорени организацијата на влада и механизмите што треба да обезбедат демократски институции и избори, СДСМ ќе пристапи кон алтернативните начини за остварување на овие цели, најави претседателот Заев.

Францускиот пратеник Диран ги поздрави храброста и одлучноста на претседателот на СДСМ, Заев, СДСМ и опозицијата, во битката за промените коишто се потребни, како на граѓаните на Македонија така и за иднината на државата.