Новинарот од српското списание „Ужичка недела“ Милан Ѓокиќ беше нападнат денеска на прес-конференција во градскиот совет во Ужице, јави Танјуг.
Според портпаролката на градскиот совет новинарот бил прободен со нож, по што напаѓачот се обидел да избега, но полицијата успеала да го фати и уапси.
Повредениот новинар е хоспитализиран со тешки телесни повреди.