(ВИДЕО) Човек преживува срцев удар во видеото, ќе препознаете ли кој е?

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Сѐ почесто слушаме дека луѓе околу нас се соочиле со срцев удар, а неретко и подлегнале на болките. Но, умееме ли да препознаеме како изгледа човекот кој го преживува?e1f66a80-95ea-48f8-91d1-8dc1addb4ac3.format_jpeg.inline_yes

За да се подигне свеста за ризиците од срцевата болест и важноста на умеењето да се помогне на луѓето кога ќе се јави за тоа потреба, непрофитната Срцева фондација базирана во Нов Зеланд сними кратко, но ефектно видео наречено “Heart Attack Act” (Акт Срцев Удар).

На неколку доброволци им била зададена задача да одглумат срцев удар. Но, колку драматично треба да изгледа тој?

Според Фондацијата, најчестите симптоми вклучуваат гадење, потење, краток здив и болка во градите која може да се прошири на вилицата, грбот или рамената. Не секогаш тоа многу поразлично од секојдневното совладување од умор или омалаксаност.

Запаметете го ова кога ќе го гледате видеото и ќе се обидете да го препознаете најреалистичниот приказ.