Чист ентериер, многу дрвени елементи , кои даваат топлина и комфор на собите, типична азиска архитектура – сето тоа може да се види во новиот кинески хотел Six Senses Qing Cheng Mountain.0d50809de7df382b5da83347479ea4e3

Тој е дел од хотелскиот синџир Six Senses и се наоѓа во близина на градот Чанду – административен центар на провинцијата Сечуан, кој се сместува во централниот дел на Кина .

Новиот луксузен хотел има и друг плус, поради својата местоположба до величествената планина Цинчан и поради близината до заштитениот од УНЕСКО регион до градот Дуцзјанјан .

Токму во овој регион, познат како татковината на пандите, се наоѓа легендарниот пат, од каде се оди до вилата. Регионалната престолнина Сечуан пак е само на еден час возење од хотелот.

Кинескиот луксузен ризорт има вкупно 113 соби, апартмани и вили , а последните располагаат и со сопствени базени и градини. Внатрешноста е инспирирана од кинеските антиквитети, а голем дел од мебелот е локална изработка.

Над шармантниот мост и водопади се наоѓа спа центарот на хотелот. Тој нуди специјални терапии инспирирани од кинеската култура и регион . Ресторанот пак нуди органска храна , од која дел е одгледан токму во градината на хотелот.

Посетете ја нашата галерија и проверете го хотелот кој ги предизвикува сетилата во Кина.