Грчката полиција уапси најмалку 50 лица кои учествуваа во немирите во центарот на Атина, јави телевизија Mega. Меѓу уапсените се и четворица грчки анархисти.Тие биле приведени од полицијата пред канцеларијата на владејачката партија СИРИЗА.

Безредијата во Атина избувнаа на митинг за време на парламентарните расправи на новите мерки за жестоки штедење. Непознати лица со качулки и маски гаѓаа полицајците со камења и шишиња со “молотови коктели”. Во одговор полицијата употреби солзавец и заслепувачки гранати.