Франција спречи нов терористички акт

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Француските власти спречиле план за нов терористички напад против воените бази во земјата, пишува “Гардијан”.

20150716.hrmvnrunwn

Полицијата приведе четири лица, вклучително и поранешен поморски офицер. Апсењата, кои биле извршени во понеделникот, беа објавени од страна на претседателот Франсоа Оланд и потврдени од министерот за внатрешни работи Бернар Казнов.Уапсените се на возраст меѓу 16 и 23 години и “имале намера да извршат терористички чин во воените бази.” Водачот на групата е следен откако негови активности во интернет предизвикале сомневање. Тој имали и   патувања до контролираните од џихадисти области на Сирија. Францускиот министер за внатрешни работи истакна дека слични заговори се спречувани  секоја недела во земјата. Околу 2 илјади жители во Франција се пресретнати како дел од џихад мрежи. Се проценува дека 500 од нив сега се во Сирија или Ирак.