(ВИДЕО) Гуштер јава јагне

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Гуштер јавна јагне во јагнешка фарма во Австралија, каде и двете животни се миленичиња.hqdefault.jpg66

Фармата е во Мелбурн, а водителката Шенон Хусеин го прикачила видеото на Јутјуб. Додека јаделе малите јагниња, гуштерот скокнал врз едното со име Мејси, и се фатил со канџите за неговата руна.

Повеќе загрижено од Мејси сепак на видеото изгледа другото јагне, кое се обидува да го тргне гуштерот со јазик. “Ве молиме имајте во предвид дека гуштерот е добар и беше вратен безбеден во аквариумот”, забележува во придружниот текст фермерката.