Уште синоќа почна , а денеска ќе финишира пакувањето и ќе биде ослободен просторот пред Владата на РМ кој овие 60 дена се нарекуваше Камп на Слободата. Започна со протестот на 17 мај кога со историскиот митинг беше освоена „слободната територија“ и траеше до денеска.

Многубројни средби , протести, дебати, забави, разговори за иднината, деноноќно кампот живееше во тој амбиент на пркос и протест . Како што постојано велеа „Камперте“:
-„Нема отстапки , нема враќање, нема мир додека не дојде правдата а тоа е оставка на Груевски и заминување на оваа режимска криминална и диктаторска Влада на Никола Груевски и неговите од ВМРО ДПМНЕ“.

Пред да го затвориме овој камп вечерва, кампот ја исполни целта, истакна во вчерашниот говор претседателот на СДСМ, Зоран Заев, откако партијата со одлука на Централниот одбор одлучи да го затвори ”Кампот на слободата” поставен пред шеесетина дена пред зградата на Владата на РМ.
– Знам дека некои сакаат да останат уште овде, но кампот ја исполни целта. Овој темел на слободата го остава овој простор пред владата на Република Македонија да биде симбол на времето којшто ќе ја испишува поновата македонска историја, за да се памети. Секоја наредна влада, којашто ќе работи овде да гледа и да се потсетува за никогаш повеќе да не се повтори тоа што оваа власт, на чело со Груевски го правела врз Македонија и нејзините граѓани, изјави Заев.


