Екс- директорот на УБК, Зоран Верушевски доби казна од 3 години затвор за пиштолот кој беше најден во неговиот дом, по претресот извршен во јануари годинава. Тој при изрекувањето посочи дека пресудата е уште една потврда на се што било наведено во извештајот на Прибе, а судијката го прекинуваше и од него бараше да не драматизира.
Екс-разузнавачот беше уапсен на 23-ти јануари и е притвор повеќе од 6 месеци. Според обвинението, Верушевски неовластено го држел пиштолот кој полицијата го најде кај него при претресот. Пиштолот марка Црвена застава е на МВР и е службен, но не го раздолжил откако му завршила функцијата како прв човек на УБК.
Верушевски останува во притвор како првобвинет во случајот „Пуч“ каде се терети за неовластено прислушување, шпионажа и државен удар.
