(ГАЛЕРИЈА) Погледнете го станот во кој живее Џиџи Адид

од Vladimir Zorba
83 прегледи

Убавицата Џиџи Адид го објави во продажба својот стан во квартот Сохо, Менхетн, Њујорк, за сума од 2,45 милиони американски долари.4117ec8d27fb8b8124b33634f2c346db

Според медиумите супермоделот се одлучил да купи друго живеалиште во Менхетен, но поблиску до тоа на нејзината најблиска пријателка во последно време – поп-ѕвездата Тејлор Свифт .

Што се однесува до овој стан, тој е првото самостојно живеалиште на 20-годишната русокоса и не е чудно што на каучот во дневната соба се наредени мечињата.

Имотот всушност е сопственост на мајката на Адид – поранешниот дански модел, Јоланда Адид Фостер.

Во принцип, Џиџи е од доста богато семејство и е одгледана во Лос Анџелес, но заради својата кариера на модел веќе некое време живее главно во Големото јаболко.

Станот на партнерката на Џо Џо има две спални, две бањи и голема тераса со прекрасен поглед кон градот.

Видете фотографии од елегантниот стан на моделот во галеријата.