Воислав Шешељ за време на војната во Босна во 1995 година дошол во посета на српските паравоени групи што го држеле Сараево, за време на која бил примен и од Радован Караџиќ. Во друштво со него во тоа време беше еден од најблиските соработници на лидерот на српските радикали, сега премиер на Србија, Александар Вучиќ.
На видеото (во 3:44 минута) мошне јасно се гледа дека Вучиќ е вооружен, исто како и другите војници на позициите над Сараево, вели Индекс.
Некои босански медиуми веќе прашуваат дали актуелниот српски премиер пукал по Сараево.