Бакингемската палата соопшти дека е разочаран од пуштената снимка од 1933 година , на која се покажува кралицата Елизабета II како прави нацистички поздрав, соопштува ББЦ.

Британскиот весник “Сан” објави видео кое ја покажува кралицата со својата мајка , сестра и чичко. Тогаш таа е на околу седум години.
Разочарувачки е дека се шири филм, снимен пред 80 години , забележува дворецот. Весникот одбива да каже како се здобил со архивскиот кадри, но нагласува дека е “важна и интересна приказна”.
Кадрите се со времетраење 17 секунди и се направени во градините околу Балморал, додава весникот. Се смета дека се снимени во 1933 или 1934 година, кога Хитлер јго презема управувањето на Германија, но околностите околу фотографирањето не се јасни.
Палатата не побива дека кадрите се автентични, но прашањето е како ова видео е излезено во јавниот простор, соопшти дописник на ББЦ.. Прес секретарот на палатата, изјави дека кралскиот двор ќе го истражува случајот.
Кралицата била на 13 години, кога избувна Втората светска војна.