Словенечкиот парламент усвои закон кој ќе овозможи простувањето на долговите на најсиромашните граѓани на Словенија, соопшти Ројтерс и додаде дека мерката ќе засегне околу 100 000 луѓе.
Одобрениот предлог беше поднесен од Левоцентристичката Влада на премиерот Миро Церар. Опозициската партија “Обединета левица” повика претходно оваа година да бидат поедноставени долговите на најсиромашниот дел од населението, откако Хрватска направи таков потег.
“Проектот се подготвува од некое време во соработка со компаниите за обезбедување основни услуги како електрична енергија и комунални услуги, водоснабдување и собирање на отпадот”, рече министерката за труд и социјала Ања Копач пред гласањето.
Повеќето компании кои ги нудат овие услуги, се во државни раце, но владата очекува некои приватни компании исто така да ги отпишат долговите на свои клиенти акумулирани пред крајот на 2013 година
Сиромаштијата во Словенија се зголеми во последниве години во светлината на светската финансиска криза, која започна во 2008 година
Повеќе од 110 000 лица во вкупно два милиони се невработени. Владата во 2013 година вложи над 3 милијарди евра во локалните банки, од кои повеќето се државни, за да спречи колапс на банкарскиот систем, како последица на лоши заеми.
