МВР: Нема официјална потврда дека е затворена српската граница за мигрантите

од desk3
117 прегледи

Од македонското МВР велат дека нема официјална потврда од српските власти за затварање на пограничниот премин Табановце за мигрантите. Од таму додаваат дека нема поголем застој на граничниот премин и дека до сега никој не е вратен- пренесе РСЕ

Гранична-полиција-18-520x346

Претходно информативниот порталите објавија дека од утрово, српските власти одлучиле да го затворат преминот Табановце поради преполниот прифатен центар за мигранти во Прешево.

Дел од српските медиуми пишуваат дека ѕидот кој се гради на унгарско-српската граница ќе им ја смени рутата на бегалците, односно ќе ги пренасочи влезот во Европската унија да го бараат преку Хрватска.