Кокосовата вода е одличен начин да се разладите во топлите летни денови, кога имате потреба од нешто поразлично од вкусот на обичната вода. Како што добро знаеме газираните пијалоци и природните сокови не се соодветна алтернатива, бидејќи содржат многу нездрави состојки.
Кокосовата вода од своја страна е богат извор на корисни материи кои влијаат одлично на организмот. Единствениот и главен недостаток на овој пијалок е дека може да се најде само во некои специјализирани продавници, како и дека цената е премногу висока за македонскиот пазар.
Во случај да сепак одлучите да пробате кокосова вода, запознајте се со придобивките од нејзината потрошувачка:
1. Може да “лекува” мамурлак
Ако чувствувате мачнина и како да не можете да голтнете било што – само испијте една чаша кокосова вода по тешка ноќ. Вреди да се проба.
2. Може да ви помогне да изгубите телесна тежина
Кокосовата вода има ниска содржина на калории, што значи дека сте заштитени од акумулацијата на вишокот килограми. Покрај тоа, како што веќе рековме, може да го користите овој пијалок како замена на природните сокови или газирани пијалаци, кои се полни со калории. Друг бонус кој го добивате при потрошувачката на кокосова вода е дека таа го потиснува апетитот.
3. Го хидрира телото
Кокосовата вода е речиси толку хидратантна како и обичната, бидејќи нејзиниот состав всушност е 95% вода.
4. Богат извор на калиум
Калиумот е неопходен минерал за организмот, па затиа вашето тело има потреба од неговиот прием секојдневно. Во еден литар кокосова вода може да најдете околу 240 милиграми калиум.
5. Може да го успори стареењето
Благодарение на цитокининот кој се содржи во кокосовата вода, може да се забави процесот на стареење. Од оваа причина многу холивудски актерки го консумираат токму овој пијалок.
6. Дава поттик на имунолошкиот систем
Чаша кокосова вода на ден ќе ви помогне да го засилите својот имунитет. Во неа се содржи лауринова киселина која има антивирусна, антибактериска и антифунгална акција.

Фото: Istock
7. Го помага варењето
Пијалокот делува добро на метаболизмот и ја подобрува апсорпцијата на храната. Освен тоа кокосовата вода може да ви ги смири стомачните грчеви.
8. Добар извор на хранливи материи
Во кокосовата вода, освен калиум, има и магнезиум, манган, како и витамин Ц.
9. Дава поттик на енергија
Затоа таа е погоден пијалок, со кој ќе ја замените традиционалната утринска шолја кафе. Кокосовата вода дава енергија и е многу погодна за почеток на денот.