Мигрантите минуваат низ Табановце, преминот не е затворен

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Остатоци од храна и расфрлани алишта се видливи по патот каде се движат мигрантите на патот кон Србија. Границата ја поминуваат два пати дневно, речиси секогаш во големи групи. Попладнево од голема далечина  успеавме да забележиме само двајца кои веројатно заостанале. На оние  кои претходно поминале хуманитарните организации веќе им доделиле помош. Последната група мигранти поминале утринава околу 9 часот, а броела околу 900 лица, пренесе ТВ Телма.

migranti-tabanovce

Според локалните жители, следната група мигранти, барем според досегашното искуство треба да помине вечерва. Информациите на одредени медиуми дека таа, но и сите следни нема да успеат да продолжат поради одлуката на Србија да ги затвори границите не ја потврдивме на терен. Покрај граничниот премин Табановце, слободни се и таканаречените диви премини. Српската полиција не ги потврди тврдењата за затворање на граничниот премин , а хуманитарните организации, како и локалните медиуми во Прешево немаат информации за евентуален проблем.

Српската амбасада нема официјални информација од владата во Белград дека се затворени границите. Со сличен став излезе и македонското МВР.

Нема официјална потврда дека границата е затворена. На граничниот  премин нема поголем застој, и според договорот за реад мисија нема вратени мигранти, велат од таму

Најголем проблем според хуманитарните организации е фактот дека прифатниот камп во Прешево е преполн. За оброк и помош според српските медиуми се чека со часови. дел од нив веднаш заминууваат за Бујановац. Во кампот дневно се делат по 500 оброци. Сеекојднево пристигаат  до 1000 лица, иако  неговиот капацитет е предвиден за најмногу 300.

Немам информации дека граничниот премин е затворен. Имам информации дека оние луѓе кои сакале да поминат низ нелегални премини се запираат од граничната полиција која ги враќа во Македонија. Тоа го кажа и премиерот Вучиќ дека сите оние кои бараат права како мигранти во Србија, но треба да се пријават на граничниот премин Табановце, изјави за Телма новинарот од прешевската телевизија- Хасан Хасани./TV Telma