[РЕЦЕПТ] Како да си приготвите вегетаријански плескавици

од Vladimir Zorba
1,3K прегледи

Кога ќе слушнат “плескавица”, најверојатно следбениците на здравата исхрана веднаш ќе одречат слична храна, сметајќи ја како “штетна”. Но, вистината е дека како и сите домашни јадења, своерачно направените хамбургери можат да бидат освен вкусни и здрави.d089d215a0b9dc3d7acae801e6800439

Тоа е затоа што човек успева да ги контролира производите и состојките со кои ги подготвува и на тој начин тогаш е сигурен што ќе се најде во чинијата. А и колку и вкусни да се корисните јадења, понекогаш имаме потреба да се разгалиме со нешто “лошо”.

Овој рецепт е идеален предлог за луѓето кои не консумираат месо, а и за оние кои немаат ништо против да пробаат вегетаријанска здрава плескавица. Еве ги потребните производи за правење на вкупно четири плескавици:

За плескавица:

– 1/2 чаша сецкан црвен кромид;

– 1/2 чаша суви трошки од леб;

– 1/4 чаша сецкан магдонос;

– 2 лажици сецкани мали лути пиперки;

– 2 лажици павлака;

– 1 лажичка сос чили;

– 1/2 лажичка ким;

– 1/4 лажичка свежо мелен црн пипер;

– 1/8 лажичка сол;

– 1 големо јајце;

– Околу 400 грама варен грав или таков од конзерва;

– 1 конзерва пченка – исцедена;

– 4 лепињи по избор – најдобро со помалку калории и со повеќе влакна.

За полнењето:

– Кечап;

– Неколку парчиња црвен кромид;

– Неколку сецкани домати;

– Бејби спанаќ.

Фото: pickyeaterblog.com

* Бонус хранливи информации за една порција (во еден плескавица): 411 калории, 10.7 грама масти, 63.1 грама јаглехидрати, 837 милиграми натриум, 9,1 грама влакна, 15,2 грама протеини;

Начин на приготвување:

1. Ставете ги првите девет состојки во кујнскиотблендер. Потоа префрлете ја смесата во голем сад и комбинирајте ја со скршеното однапред јајце.

Фото: pickyeaterblog.com

2. Ставете ги гравот и пченката во кујнскиот блендер и потоа додадете ја мешавината кон другата во чинијата. Добро промешајте. Поделете ја смесата на четири еднакви делови и оформете четири ќофтиња. Ставете ги за 10 минути во фрижидер.

3. Загрејте малку масти во голем нелеплива тава на средно-висока температура. Ставете ќофтиња и пржете ги за околу 5-10 минути од секоја страна.

Фото: pickyeaterblog.com

4. Исечете земичка. На долниот дел на секоја ставете 1-2 лажици кечап, неколку парчиња црвен кромид, готовите вегетаријански плескавици, неколку парчиња домати и конечно бејби спанаќ. Одозгора “затворете” со горниот дел од лепчето. Добар апетит!