Република Македонија и Европската унија, попладне на маргините на Советот на ЕУ во Брисел ќе го имаат 12-тиот Совет за стабилизација и асоцијација.
Пред состанокот, евро-комесарот Хан изјави дека за Македонија сега има прецизен патоказ што треба да се случува во наредните неколку месеци до изборите.
„До тогаш треба да бидат расчистени некои работи, да се имплементира договореното, а властите во Поранешната Југословенска Република треба да ја повратат довербата кон ЕУ. Тоа е примарна цел. Доколку тоа биде остварено, а не се сомневам дека тоа е можно, следно е да се справиме со проблемот со името, каде што, исто така, гледам некакво движење“, изјави Хан.
