Чувството на болка го зголемува задоволството и среќата која ќе ја извлечеме од животот, покажува истражување, цитирано во блогот на Меѓународниот економски форум.
Пример за тоа е еуфоријата која ја чувствуваме после интензивни физички вежби. Причината за доброто расположение по напорниот тренинг се хемикалиите кои нашите тела ги ослободуваат како по физичкиот напон, така и во одговор на болката.
Болката освен тоа нè поврзува со светот, со тоа што го зголемува вниманието што го посветуваме на ситуацијата околу нас. Па таа го одвлекува умот од мисли за иднината или минатото и нѐ тера да се концентрираме на сегашниот момент.
Освен тоа истражувањата покажуваат дека откако сме почувствувале болка, телото реагира многу поинтензивно на пријатните стимуланси. Чоколаден десерт, на пример, се покажал многу повеќе вкусен за луѓе изложени на студ пред тоа, отколку на други кои не доживеале непријатност пред да го добијат десертот.