Петрле, Станишев и Џамбаски во посета на Македонија

од desk3
104 прегледи

Kопретседавачот на бирото на Мешовитиот парламентарен комитет – Република Македонија и ЕУ (МПК), Алојз Петрле, и заменик-копретседавачите, Сергеј Станишев и Ангел Џамбаски, денеска се во посета на Македонија.

peterle-stanisev-dzambaski

Евопската тројка ќе се сретне со копретседавачот на Комитетот, Кенан Хасипи, и со заменик-копретседавачот Артан Груби. Според најавите, тема на средбата ќе бидат активностите на комитетот, но и за состојбите во земјата по потпишувањето на Договорот од Пржино за излез од политичката криза.

Тринаесеттиот состанок на Мешовитиот парламентарен комитет сепак нема да одржи седница поради, како што соопшти Хасипи, отсуство на претставниците на опозицијата. Според најавите, ова заседание се очекува да се одржи во октомври.

За време на посетата, Петерле, Станишев и Џамбаски, исто така, ќе се сретнат и со лидерите на политичките партии, како и со претставниците од граѓанскиот сектор.

МЕТА