Грчкиот парламент денеска со втора серија реформи

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Грчкиот парламент денеска пред  втората серија реформи побарани од кредиторите на Атина како услови за започнување на официјални преговори за третиот  спасувачки пакет.

грчки парламент

Во вторникот премиерот Алексис Ципрас поднесе до парламентот предлог-закони кои предвидуваат промени кај предвремено пензионирање, нов режим на оданочување на земјоделците со даноци, измени во Граѓанска постапка и донесување на одредби кон националното законодавство за спроведување на европската директива за заздравување на банките. Се очекува гласањето на мерките од парламентот да го отвори патот за враќање на тројката кредитори (ЕК, ЕЦБ, ММФ) за да биде договорен новиот меморандум, кој ќе вклучува условите за обезбедување на финансиска помош на Грција од Европскиот механизам за стабилност (ESM).

Минатата недела Еврогрупата ги повика грчките власти да го усвојат многу брзо вториот пакет мерки до 22 јули, а исто така и да ги обноват законодавството поврзано со првиот пакет мерки.Овој пакет беше изгласан пред неколку дена од грчкиот парламент, потсетуваат агенциите. Набљудувачите во Атина сметаат дека вториот сет законски мерки нема лесно да помине низ парламентот, бидејќи содржи “сурови” мерки, какви што се промените во пензискиот систем и оданочување на земјоделците . Во одделен закон се предвидува да бидат опфатени и промените во новиот Граѓанско постапка. Во врска со промените во пензиско-осигурителниот систем се очекува да се зголеми  старосната граница за пензионирање.Целосна пензија ќе можат да добиваат тие кои  навршуваат 67 години при осигурување платени во текот на 4500 дена, или на 62 години при осигурување платени за 12 илјади дена.

Реформата треба да биде извршена до 2023 година, а  возраста за пензионирање ќе расте со шест месеци годишно од 1 јули 2015 година до 2022 година Како “токсични” според печатот се оценуваат промените во оданочувањето на земјоделците. Се очекува стапките во тоа оданочување да варираат од 13 до 25 отсто. Со данок ќе бидат оданочувани и субвенциите добиени од земјоделците по линија на ЕУ.