Денеска нов обид за состанок со ВМРО ДПМНЕ за примена на договорот на Хан

од Vladimir Zorba
71 прегледи

За денеска попладне, како што најавуваат дел од медиумите во Македонија, бил закажан состанок на работната група составена од претставници на четирите најголеми партии во Македонија во врска со спроведувањето на договорот за надминување на политичката криза во земјата.

5714A590-EEA3-4F0D-B7C6-3E61CCD6DF26_w308_h173

На состанокот на кој ќе се разгледуваат реформите во изборното законодавство, според очекувањата, би требало да учествуваат и експерти на ОБСЕ.

Заблешките на ОБСЕ/ОДХР, прочистувањето на избирачкиот спсисок, рекомпонирањето на ДИК и изборниот законик се првите теми околу кои работната група ќе треба да се усогласи.

Во понеделникот поради одлагање од страна на ВМРОД ПМНЕ пропадна обидот за одржување на таков состанок меѓу партиските претставници.

Македонија нема време за губење – време за одмори нема, роковите притискаат. Еврокомесарот Хан по 12-ти состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Европската унија и Македонија, јасно порача дека се уште постои ризик земјата да ја изгуби препораката за членство во ЕУ, ако навремено и доследно не се спроведат Договорот од 2 јуни и реформите препорачани во извештајот на Прибе.

– Многу е важно да се разбере дека договорот се уште не е гаранција за некаков посебен исход во извештајот за напредокот на земјата, но е исклучително важен и би рекол дојде во последен момент за земјата да биде во можност да ја задржи евроатланската перпектива – изјави Хан.

Хан потсетува дека до 15 септември треба да се избере специјален обвинител, но тоа, вели, е краен рок, што значи дека на прашањето треба да се почне со работа многу порано. Брисел, рече комесарот, ќе помогне и овој, како и сите останати фиксирани датуми за реализацијата на преземените обврски до изборите, да се испочитуваат, но одговорноста лежи исклучиво кај политичките фактори.

– Комисијата останува подготвена да помогне, но одговорноста дефинитивно е кај Владата и политичките партии во Скопје. Ние олеснувавме нешто, но според нашето гледиште, не е наше да олеснуваме се – рече Хан.

Дел од аналитичарите оценуваат дека е многу важно што Брисел испраќа позитивни сигнали, но и јасно предупредува дека овој пат нема да ги толерираат обидите за манипулација. Еврокомесарот Хан најави дека повторно ќе дојде во Македонија на 18 септември, кога ќе се направи првиот пресек на исполнетото, во рамки на пристапниот дијалог на високо ниво, на кој освен владините преставници ќе учествува и опозицијата и граѓанскиот сектор.