Уште еден Косовец-џихадист загинал на боиштата во Сирија

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Дваесетгодишен Албанец од Косово загинал на боиштата во Сирија како припадник на есктремистичката група, позната како Исламска држава, јави приштински „Зери“.

џихадисти

Станува збор за Фљамур Зенини од селото Кук, општина Драгаш, кој поседувал и германско државјанство, бидејќи заедно со семејството живеел во Германија.

Според „Зери“ неговата смрт ја потврдиле деновиве негови блиски роднини кои живеат во Косово.

Фалур Зенини заедно со родителите и братот живееле во Германија од каде и заминал за Сирија.

Во Сирија, според Зери на страната на ИД војуваат над 300 Косовци а бројот на убиените веќе и не се бори. Врз основа на потврдата од нивните најблиски бројот на убиените косовски Албанци во Сирија и Ирак е педесетина, но се верува дека тој број е поголем./МИА