Членовите на работната група за политичкиот договор за надминување на кризата веројатно денеска ќе одржат состанок. Ова денеска го најави министерот за здравство и член на работната група од ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров.
– Конечно ќе се состане работната група. По пет шест недоаѓања на СДСМ веројатно дека денеска ќе се состане работната група, рече Тодоров одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција за набавка на нова опрема за Градската општа болница „8 Септември“.
